
Рекреативен марш до средно Водно со ученици од средните училишта
По повод одбележување на Неделата на млади (01 до 07 октомври), Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош организираше Младински рекреативен марш до Средно Водно, на кој беа поканети ученици од средните училишта на територијата на ЦКРСМ-ОО Карпош.
Рекреативниот марш се реализираше на ден 21 октомври 2021 година во периодот од 09:00 до 14:30 часот и на истиот присуствуваа вкупно 47 млади лица, – волонтери и членови на Клубот на млади, ученици од средните училишта СУГС ,,Никола Карев’’, СУГС ,,Лазар Танев’’, СУГС ,,Орце Николов’’, СГГУ ,,Здравко Цветковски’’ и СУГС ,,Георги Димитров’’, како и претставници – волонтери од Волонтерскиот центар Скопје.
Учесниците имаа можност преку пешачењето и реализацијата на друштвени игри да се запознаат со волонтерите од Клуб на млади и активностите кои се спроведуваат во рамки на Црвениот крст. Сите учесници покажаа интерес кон вклучувањето во активностите на Црвениот крст. ОО Карпош за сите учесници обезбеди оброк, овошје и освежителни пијалоци, а крајот на активноста на сите учесници им беа поделени благодарници за учество на активноста.
За време на активноста беа применувани заштитни мерки за заштита и превенција од ширењето на коронавирусот Ковид 19.




































