
Рекреативно-едукативен марш до Средно Водно
Клубот на млади Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош под мотото „ЗДРАВО СРЦЕ, СРЕЌНО СРЦЕ“ и оваа година се вклучи во одбележувањето на Неделата на борба против срцево-садови заболувања во периодот 21-28 февруари.
Традиционално, по петти пат на 24 февруари 2023 година од 10 до 16 часот беше организиран рекреативно-едукативен марш до Средно Водно за 44 учесници – членови и волонтери од Клубот на млади и ученици од СУГС„Здравко Цветковски“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Лазар Танев“.
На Средно Водно беше одржан едукативен разговор за применување на здрави животни навики, беа спроведени забавни активности и на сите учесници им беа поделени вода и овошје. На крајот од активноста, на сите учесници им беа поделени благодарници.




































