септември 18, 2026

Сандачиња по прва помош за основните училишта во о.Ѓорче Петров

Во рамки на активностите за подобрување на безбедноста во училиштата и одбележување на Светскиот ден на првата помош, Црвен крст на РСМ-Општинската организација Карпош за 8 објекти на основните училишта во општина Ѓорче Петров додели нови сандачиња за прва помош опремени со основни медицински средства за брза интервенција.

Со ваквите активности ја зајакнуваме поддршката за вработените во основните училишта кои секојдневно се грижат за младите и ќе им помогнеме навремено да реагираат при мали повреди или итни ситуации.

< врати се назад