септември 2, 2020

Седма крводарителска акција во Клиничка болница ,,Аџибадем Систина”-Скопје

            Во време на пандемија од коронавирус уште еднаш се покажа несебичноста и пожртвуваноста на медицинскиот и помошниот персонал во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. 

            Ова е седма по ред крводарителска акција оваа година организирана од страна на  Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со  Институтот за трансфузиона медицина и на истата која се одржа на 31 Август 2020 година крв даруваа 39 вработени од  Клиничката болница „Аџибадем Систина“-Скопје.

            Со денешното дарување вработените во „Аџибадем Систина“ годинава даруваа над 450 крвни единици.

          Како за време на претходните, така и на оваа акција се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за комплетна заштита од SARS-CoV-2 вирусот.

            Поради зголемената потреба од крв во услови на коронавирус, до крајот на годината  се планираат нови крводарителски акции во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ -Скопје.

 

< врати се назад