
јануари 30, 2020
Семинар за Координативно тело на Клуб на млади при ЦКРСМ-ОО Карпош
Во периодот од 24.01 до 26.01.2020 Клубот на млади при ЦКРСМ-ОО Карпош организираше семинар за Координативното тело на Клубот. Цел на семинарот беше членовите од Координативното тело да го унапредат менаџментот со волонтерите, да ги надградат своите знаења за организацијата и работата на Клуб на млади, како и да ги унапредат своите вештини за комуникација, лидерство и тимска работа.

На истиот беа присутни 7 членови од Координативно тело, кои со нивната вклученост и љубов кон работата придонесоа кон остварување на предвидените цели.



































