февруари 9, 2021

Сесии за претставување на проектот ,,Безбедни училишта и градинки”

Во периодот од 23 јануари до 03 февруари 2021 година, преку ZOOM платформа, обучен волонтер од Општинската организација Карпош реализираше 4 онлјан сесии за претстаување на Проекот ,,Безбедни училишта и градинки” поддржан од Еразмус+ и можностите за обука за заштита и самозаштита во случај на катастрофи на кои беа опфатени вкупно 117 слушатели.

Првата сесија се одржа на 23 јануари 2021 година за 14 волонтери од Клубот на млади на Општинската организација Карпош. Втората и третата сесија се одржаа на 29 Јануари 2021 година за 56 вработени од градинка ,,Орце Николов”-Карпош и 31 вработена од Основното училиште ,,Војдан Чернодрински”-Карпош и четвртата сесија се одржа на 3 февруари 2021 година на која беа опфатени 16 вработени од Основното училиште ,,Аврам Писевски” Скопје.

< врати се назад