ноември 17, 2020

Сликовници за детските градинки

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош преку остварената соработка меѓу Црвениот крст на РСМ и Светска Банка во периодот од 09 до 11 ноември 2020 година изврши дистрибуција на 132 комплети сликовници до шест градинки на територијата на општините Карпош, Ѓорче Петров и Сарај. Целта на оваа активност е да се поттикне читањето кај децата и да се придонесе за нивниот понатамошен развој. Доставата беше извршена од страна на волонтери на ЦКРСМ-ОО Карпош до градинките:
 
ЈОУДГ „Росица“ Ѓорче Петров
ЈОУДГ „Мајски цвет“ Карпош
ЈОУДГ „Орце Николов“ Карпош
ЈОУДГ „Пролет“ Карпош
ЈОУДГ „Распеана Младост“ Карпош
ЈОУДГ „Филизи“ Сарај
 
< врати се назад