
јули 8, 2021
СОБИРНА АКЦИЈА – ПРОЕКТ ХУМАНКО
На иницијатива на волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош вклучени во проект ХУМАНКО, во текот на месец јуни и јули 2021 година се реализираше хуманитарна акција за собирање на парични средства во Градскиот парк каде волонтерите поделени во парови по двајца, распоредени во две смени им приоѓаа на случајните минувачи кои имаа можност да донираат парични средства, а за возврат да добијат симболични подароци – рачни изработки.
Собраните парични средства ќе се искористат за подобрување на социјализацијата на 25 деца и млади – лица од цената група на Проект „Хуманко“.
Во реализацијата на активностите се вклучија 26 волонтери од Клубот на млади.
Акцијата поради временските услови се реализираше во попладневните часови а воедно за сите волонтери беа обезбедени освежителни пијалоци. Активностите беа спроведени согласно протоколите за заштита и превенција од ширење на коронавирусот Ковид 19.




































