
мај 14, 2021
Собирни акции за облека во СУГС „Никола Карев“ и ООУ „Петар Поп Арсов“
На иницијатива на училиштата СУГС „Никола Карев“ и ООУ „Петар Поп Арсов“ во периодот април-мај 2021 година, од страна на учениците и вработените беа реализирани собирни акции за собирање на половна облека, обувки, постелнина и играчки.
За време на собирните акции собрани се 150 килограми хуманитарна помош, која е дистрибуирана во Црвен крст на РСМ – Општинска органзиација Карпош, од каде истата е поделена на 10 социјално-загрозени семејства.
Во реализацијата на активностите беа вклучени и 3 волонтери од Клубот на млади. Активностите беа спроведени со почитување на заштитните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот Ковид 19.




































