
Социјализација на деца со попреченост
Во рамки на проектот ,,Хуманко” а со цел подобрување на социјализација на децата со посебни потреби, 18 волонтери од Клуб на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош на 19 март 2022 година реализираа еднодневна екскурзија за деца и млади со попреченост и деца и млади од социјално-загрозени семејства.
На еднодневната ексурзија во која беа вклучени вкупно 56 лица, покрај децата со посебни потреби беа вклучени и нивните родители кои имаа можност да ги посетат и да се запознаат со културно историските споменици и автентичните природни богатства во земјата. Реализацијата на ексукрзијата беше поддржна од голем број соработници, подржувачи и донатори, меѓу кои: ,,Ваташа’–Скопје, Специјал-Скопје, Магрони ДОО Скопје, Fresh Fruit Дооел Скопје, Ресторан “Via Ignatia”-Вевчани, Манастир ,,Св. Јован Бигорски’’, Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, и други. За време на активностите беа почитувани мерките и протколите за заштита и превенција од коронавирусот КОВИД-19.



































