
Соопштение за помош на настраданото население во Словенија
Почитувани,
Катастрофалните поплави предизвикани од силното невреме, кое во изминатите
денови ја погоди Словенија, на жал предизвика големи материјални штети и
човечки загуби. Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови ширум
Словенија.
Црвениот крст веднаш стапи во комуникација со Црвениот крст на Словенија и
согласно нивната проценка, понудена им е првична помош. Од своите резерви,
Црвениот крст на РСМ издвои средства во висина од 5.000 евра, понудени се и
волонтери, тимови за соодветна интервенција и во зависност од потребите
веднаш ќе бидат ставени во функција.
Црвениот крст испрати Соопштение до средствата за јавно информирање во кое
сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична
помош на:
– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ:
300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со
назнака: помош за настраданото население во Словенија.
– како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143
400 на Македонски Телеком и А1.
– За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228




































