
март 17, 2025
Соопштение
Почитувани,
Изразувајќи сочувство со болката на семејствата на настраданите и повредените, сакаме да ве информираме дека Црвениот крст на РСМ донесе одлука, Свечената академија по повод одбележувањето на 80 – годишнината од формирањето на Црвениот крст на РСМ која требаше да се одржи на 18 март 2025 година под покровителство на претседателката на РСМ Гордана Сијлјановска Давкова ќе се одложи на неопределен период.
Останува сите заедно да бидеме обединети и солидарни во овие моменти на болка и да продолжиме да ја обезбедуваме неопходната поддршка за граѓаните на нашата земја.




































