март 23, 2022

Крводарителска акција со студентска младина

Црвен крст на Република Северна Македонија–Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 3-ти март 2022 година реализираше крводарителска акција во просториите на Студентскитот дом ,,Гоце Делчев”.

На акцијата која се одржа во перидот од 12:00 до 18:00 часот, крв даруваа и својата хуманост и солидарност на дело ја потврдија 48 студенти и истата се спроведе почитувајќи ги сите протоколи и безбедносни мерки за комплетна заштита од SARS-CoV-2 вирусот.

 

< врати се назад