јуни 15, 2022

Курс по прва помош за волонтерите од Клубот на млади при ЦКРСМ Општинска организација Карпош

На 14 и 15 мај 2022 година  во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинската организација Карпош се спроведе 10 часовен курс за укажување прва помош за 11 волонтери од Клубот на млади.

Курсот за прва помош го реализираа предвачот др. Огнен Богданоски и демонстраторот Кристијан Антовски, а младите волонтери се здобија со практично знаење и вештини за правилно и навремено укажување на првата помош со цел спасување човечки живот во разни несреќи и ситуации. 

 

< врати се назад