март 23, 2022

Предавања за мотивација на млади крводарители

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во месец март и април 2022 година интензивно ќе се посвети на едукација и мотивација на учениците од завршните години во средните училишта да стекнат основни информации за крводарителството и да станат потенцијални крводарители.

На 18 март 2022 година беа организирани и спроведени 2 врснички едукации за 112 ученици од четврта година од СУГС „Здравко Цветковски“. Предавањата ги спроведе обучен мотиватор за млади крводарители – волонтер од Клубот на млади. Согласно ситуацијата со Ковид 19, едукациите беа спроведени преку онлајн платформа.

 

< врати се назад