септември 14, 2020

Светски ден на прва помош

Денес го одбележуваме Светски ден на прва помош, а воедно ја започнуваме едномесечната кампања за промоција на Првата помош под мото „Првата помош спасува живот“.

Во наредниот период, Црвен крст на град Скопје и петте ООЦК на територија на град Скопје ќе спроведат активностите чија крајна цел е подигнување на свеста кај целокупното население за значењето на Првата помош како животоспасувачка вештина, со акцент на значењето на истата во време на пандемија

< врати се назад