август 6, 2021

Телефонски линии за ППП за време на настанатите пожари на различни локации на РСМ

Црвениот крст на Република Северна Македонија ги повикува сите граѓани кои имаат потреба од прва психолошка помош да се обратат на отворените СОС телефонски линии.
 
Имајќи ги во предвид огнените стихии во изминатиот период во нашата држава и состојбите во кои граѓаните се наоѓаат, Ве потсетуваме за можноста да ги користите отворените телефонски линии на кои ќе добиете соодветна Прва психолошка поддршка од нашите обучени волонтери.
 
Секое лице кое се чувствува загрозено и вознемирено поради настанатите пожари може да се обрати, постави прашања и добие одговори и совети за успешно справување со ситуацијата која ја загрозува благосостојбата и создава чувство на лична и колективна загрозена безбедност.
 
Отворените телефонскии линии се поделени на региони а се однесуваат на сите општини и населени места кои припаѓаат на наведените региони.
 
Отворени линии:
 
Скопски Регион – 071/367-909, 071/367-981 и 071/379-119
 
Пелагониски Регион – (Битола, Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Ресен)
047/236–019 и 070/791–770
 
Југозападен и Полошки Регион – (Гостивар, Тетово, Дебар, Кичево, Струга,Охрид)
072/239-051 и 072/239-077
 
Источен, Североисточен и Југоисточен Регион (Штип, Кочани, Берово, Виница, Делчево, Пробиштип, Кратово, Куманово, Крива Паланка, Струмица, Гевгелија, Валандово, Радовиш)
071/426-660 и 071/426-633
 
Вардарски Регион (Велес, Неготино, Свети Николе, Градско, Чашка, Кавадарци, Лозово, Росоман, Демир Капија)
075/294-036, 071/274-229 и 043/231537
 
 
 
 
No photo description available.
 
 
 
 
 
< врати се назад