декември 15, 2021

Тим по прва помош на А1 Game Fest

Во соработка со Агенција за маркетинг комуникации и услуги Меккен-Скопје, тим од двајца лекари од Општинската организација Карпош на 10 и 11 Декември 2021 беше ангажиран на јавниот настан “А1 Game Fest.”

На настанот кој се одржа во новоoтворениот трговски центар East Gate Mall-Скопје учествуваа над 500 посетители, а тимот имаше за цел логистичка поддршка во дел навремено пружање прва помош на евентуално повредени учесници и посетители на настанот.

 

< врати се назад