
март 18, 2021
Традиционална крвдарителска акција по повод 17 Март-Ден на крводарителство
По повод одбележување на 17 Март-Ден на крводарителство во Република Северна Македонија, Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузина медицина на 17 Март 2021 година година ја реализира традиционалната крводарителска акција.
На акцијата која се спроведе во просториите на Општинската организација Карпош, во периодот од 10:00 до 16:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја потврдија 28 лица меѓу кои и волонтери од Клубот на млади.
За цело време на спроведување на акцијата беа превземени сите потребни мерки и препораки за превенција од корона вирусот, со обезбедување на заштитна опрема за сите вклучени лица во истата.




































