ноември 10, 2021

Традиционална крводарителска акција по повод 13 ноември

Црвен крст на град Скопје, со поддршка на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош, традиционално се вклучува во одбележувањето на 13 Ноември преку организирање на крводарителската акција.

На 12 ноември (петок), од 9:00-17:00 часот, сите хумани граѓани кои сакаат да даруваат крв се добредојдени во просториите на Дневниот центар за крводарување на Црвен крст на град Скопје во ДХО Даре Џамбаз.

Кон оваа акција, традиционално ќе се приклучат вработените и менаџментот од Ramstore, како уште една потврда за нивната општествено одговорна визија.

< врати се назад