
март 23, 2022
Традиционална крводарителска акција по повод 17 Март – Ден на крводарителството во РСМ
По повод одбележување на 17 Март-Ден на крводарителство во Република Северна Македонија, Црвен крст на РСМ – Општинската организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузина медицина на 17 Март 2022 година година ја реализираше традиционалната крводарителска акција.
На акцијата која се спроведе во просториите на Општинската организација Карпош, во периодот од 10:00 до 16:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја потврдија 36 лица.
За цело време на спроведување на акцијата беа превземени мерки и препораки за превенција од корона вирусот, со обезбедување на заштитна опрема за сите вклучени лица во истата.




































