
март 20, 2023
Традиционална крводарителска акција по повод 17 март – Денот на крводарителството во РСМ
По повод одбележување на 17 март – Ден на крводарителството во Република Северна Македонија, Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина ја спроведе традициналната крводарителска акција.
На акцијата која се реализираше во просториите на Општинската организација Карпош во периодот од 10:00-16:00 часот крв даруваа 33 крводарители.




































