
септември 27, 2022
Традиционална крводарителска акција по повод Денот на општина Ѓорче Петров
По повод одбележување на 20-ти септември – Денот на Општината Ѓорче Петров, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со локалната самоуправа Ѓорче Петров и Институтот за трансфузиона медицина на 24 септември 2022 година реализира традиционална крводарителска акција.
На акцијата која се одржа во просториите на Културниот центар ,,Ѓорче Петров“ во периодот од 10:00 до 15:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја потврдија 52 крводарители-граѓани од заедницата меѓу кои и градоначалникот Г-дин Александар Стојкоски кој ја истакна важноста на крводарувањето и упати апел за помасовно вклучување на граѓаните во доброволното крводарување.




































