
септември 25, 2023
Традиционална крводарителска акција во општина Ѓорче Петров
По повод одбележување на 20-ти септември – Денот на Општината Ѓорче Петров, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со локалната самоуправа Ѓорче Петров и Институтот за трансфузиона медицина на 23 септември 2023 година реализира традиционална крводарителска акција.
На акцијата која се одржа во просториите на Домот на културата ,,Ѓорче Петров“ во периодот од 10:00 до 16:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја потврдија 63 крводарители-граѓани од заедницата меѓу кои и советниците и градоначалникот на општината – Г-дин Александар Стојкоски кој ја истакна важноста на крводарувањето и упати апел за помасовно вклучување на граѓаните во доброволното крводарување.




































