септември 27, 2021

Традиционална крводарителска акција во Општина Ѓорче Петров

По повод  20-ти Септември-Денот на Опшина Ѓорче Петров, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Локалната самоуправа Ѓорче Петров на 25 Септември 2021 година реализираше традиционална крводарителска акција.

Со примена на протоколи и мерки за заштита од Ковид-19, во периодот од 10:00 до 16:00 часот, во просториите на Домот на културата ,,Ѓорче Петров”-Скопје, својата хуманост ја потврдија вкупно 42 крводарители-вработени во општинската администрација и граѓани од Општина Ѓорче Петров.

Како и секоја година, на акцијата се придружи и градоначалникот на општина Ѓорче Петрово, Г-дин Александар Наумоски кој ја подржа оваа традиционална акција и ја истакна важноста и значењето на крводарителството и соработката со организацијата на Црвениот крст.

 

< врати се назад