ноември 3, 2020

Традиционална крводарителска акција во Општина Карпош

 
По повод 3-ти Ноември-Денот на Опшината Карпош, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка Институтот за трансфузиона медицина и Локалната самоуправа Карпош на 29 Октовмри 2020 година реализира традиционалната крводарителска акција. Со примена на протоколи и мерки за заштита од Ковид-19, во периодот од 10,00 до 17,00 часот, во просториите на основното училиште „Лазо Трповски“, вкупно 42 вработени во општинската администрација, даруваа крв и ја потврдија својата хуманост на дело.
 
 
 Како и секоја година, на акцијата се придружи и градоначалникот на општина Карпош, Г-дин Стефан Богоев кој ја подржа оваа традиционална акција и ја истакна важноста и значењето на крводарителството и соработката со организацијата на Црвениот крст.
< врати се назад