јануари 23, 2024

Традиционална новогодишна акција 2023/2024

Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во периодот од 28 до 30 декември 2023 година во маркетот Веро – објект Тафталиџе ја спроведе традиционалната новогодишна хуманитарна акција. Акцијата се спроведе три дена во периодот од 11 до 20 часот преку поставување на штанд со изложени рачни изработки – новогодишни украси и аксесоари на кој беа присутни тимови од два до три волонтери со ротирачки модел во смени. Граѓаните – посетители на штандот имаа можност да донираат прехрамбени производи, новогодишни пакетчиња и парични средства, а за возврат на донацијата да добијат рачна изработка. На акцијата и претходеа четири работилници на кои беа изработени 550 изработки.

Од акцијата беа обезбедени вкупно 370 килограми прехрамбени производи од кои се подготвија 36 пакети со храна и 166 новогодишни пакетчиња кои во периодот од 09 до 12 јануари 2024 година беа поделени на 36 социјално-загрозени семејства (144 лица) и 166 деца и млади во социјален ризик. Дел од паричните средства беше наменет за поддршка во лекување на едно лице од Скопје.

Во спроведување на акцијата беа вклучени вкупно 32 волонтери од Клубот на млади кои остварија вкупно 432 волонтерски часа.

< врати се назад