јануари 9, 2023

ТРАДИЦИОНАЛНА НОВОГОДИШНА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА – ВЕРО 22/23

Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во периодот
од 28 до 30 декември 2022 година во маркетот Веро – објект Тафталиџе ја спроведе традиционалната новогодишна хуманитарна акција. Акцијата се спроведе три дена во периодот од 11 до 20 часот преку поставување на штанд со изложени рачни изработки – новогодишни украси и аксесоари на кој беа присутни тимови од два до три волонтери со ротирачки модел во смени. Граѓаните – посетители на штандот имаа можност да донираат прехрамбени производи, новогодишни пакетчиња и парични средства, а за возврат на донацијата да добијат рачна изработка.

На акцијата и претходеа две работилници за рачни изработки на кои беа изработени 200 предмети.

Од акцијата беа обезбедени вкупно 416 килограми прехрамбени производи од кои се подготвија 40 пакети со храна и 177 новогодишни пакетчиња кои во периодот од 03 до
09 јануари 2023 година беа поделени на 40 социјално-загрозени семејства и 177 деца
и млади во социјален ризик.

Во спроведување на акцијата беа вклучени вкупно 28 волонтери од Клубот на млади кои остварија вкупно 211 волонтерски часа.

< врати се назад