март 18, 2026

Традициoнална крводарителска акција по повод 17 Март – Ден на крводарителството на РСМ

По повод одбележување на 17 Март – Ден на крводарителството во Република Северна Македонија, Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина ја спроведе традициналната крводарителска акција.

На акцијата која се реализира во просториите на Општинската организација Карпош во периодот од 10:00-18:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја покажаа 112 крводарители, a околу 40 од нив беа првократни крводарители кои се исклучително важни и клучни за одржување континуитет во целиот систем на крводарување и без кои не може да се одржи стабилно снабдување со крв

< врати се назад