јули 10, 2025

Традиционална крводарителска акција во Клиника Жан Митрев

Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Клиника Жан Митрев заедно со Институтот за Трансфузиона медицина на 17 јуни 2025 година успешно ја реализираше традиционалната крводарителска акција.

Оваа година под слоганот „Дарувај крв, дај надеж“ со оваа акција беше одбележан и меѓународниот ден на крводарувањето, при што учество зедоа 51 вработен како медицински, така и немедицински персонал.

< врати се назад