септември 26, 2025

Традиционална крводарителска акција во Општина Ѓорче Петров

По повод одбележување на 20 септември – „Денот на Општина Ѓорче Петров“, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со локалната самоуправа Ѓорче Петров и Институт за трансфузиона медицина на 18 септември 2025 година реализира крводарителска акција.

Традиционалната крводарителска акција се одржа во Домот на култура во Ѓорче Петров во периодот од 12:00 – 18:00 часот и на неа крв даруваа и својата хуманост на дело ја потврдија 51 граѓанин од урбаните и месните заедници на Општина Ѓорче Петров и вработените во општинската администрација.

Акцијата беше поддржана од градоначалникот г-дин Александар Стојкоски кој ги истакна важноста и значењето на крводарителството и соработката со Црвен крст со повик до сите солидарни и хумани граѓани да се вклучат во доброволното крводарување и да придонесат за потребите на заедницата.

< врати се назад