март 7, 2023

Третти ЦКА-ПХВ работилници на македонски и албански јазик

Во рамки на националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 01 и 02 март 2023 година ги спроведе третите ЦКА-ПХВ работилници, по една за 31 младинец на македонски јазик и за 30 младинци на албански јазик.

Младинците поминаа двочасовни работилници на кои имаа можност да се запознаат со начинот на документирање на малите проекти кои ќе ги изработуваат со цел да помогнат некому, некаде каде што е потребно. Работилниците беа реализирани од страна на обучените дисеминатори Ева Максимовска и Амела Кроси.

< врати се назад