септември 26, 2023

Учество на 29-от државен натпревар по прва помош

На 23 септември 2023 година во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија се одржа 29-от државен натпревар по прва помош. Домаќин на натпреварот беше ЦКРСМ – Општинска организација Велес. Од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош претставник на овој натпревар беше победничката екипа во категоријата младина на 42-от општински натпревар по прва помош за 2023 година – учениците од СУГС „Сарај“ – Скопје. Екипата на државниот натпревар го освои VII – то место во конкуренција од 30 екипи. Пред учеството на натпреварот, беа организирани интензивни подготовки на екипата од страна на обучени млади демонстратори по прва помош и одговорен професор од училиштето. Дополнително, на државниот натпревар од ЦКРСМ-ОО Карпош беа ангажирани 3 волонтери во улога на еден судија и двајца шминкери за реалистичко прикажување на повреди. Честитки до сите учесници на сите 30 екипи на овогодинешниот 29-ти државен натпревар.
< врати се назад