јуни 22, 2026

Учество на Градскиот натпревар по прва помош 2026

На 02 јуни 2026 година во објектот „Даре Бомбол“ на Средно Водно се одржа Градскиот натпревар по прва помош за 2026 година во организација на Црвен крст на град Скопје. На истиот учество земаа 15-те најдобри екипи од 5-те Општински организации на Црвен крст Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Чаир и Карпош.

Од Црвен крст на РСМ – ОО Карпош учествуваа 3-те првопласирани екипи од 45-от општински натпревар по прва помош, односно екипите од ООУ„Аврам Писевски“, ООУ „Петар Поп Арсов“ и ООУ „Владо Тасевски“ кои на Градскиот натпревар ги освоија 5-то, 9-тото и 12-тото место. Изразуваме искрени честитки до сите учесници на натпреварот.

За време на натпреварот, екипите од Црвен крст Карпош беа придружувани од стручната служба, волонтери од Клубот на млади и одговорните професори.

< врати се назад