
септември 23, 2021
Учество на Национален квиз за прва помош
Волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош учествуваа на Националниот квиз за прва помош во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија.
На квизот, кој се реализираше на ден 20 септември 2021 година, се вклучија 20 општински организации на Црвен крст меѓу кои беше и Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош со 5 свои претставници, волонтери со искуство од областа на првата помош.
Квизот се реализираше на електронската платформа ZOOM. Нашата екипа со освоени 40.5 поени ја делеше својата позиција со екипите од ЦКРСМ-ОО Струга и ЦКРСМ-ОО Кочани, како екипи со најмногу освоени поени.




































