март 23, 2022

Учество на обука за реалистично прикажување на повреди

Во период од 11-13 март во тренинг центарот “Солферино” во Струга се оддржа Обука за реалистично прикажување на повреди.

Обуката е спроведена во рамките на годишниот план на одделот Подготвеност и дејстување при катастрофи на Црвен крст на град Скопје и имаше за цел надградување на човечки капацитети.

Учесници на oбуката беа 10 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи и 5-те ООЦК на територија на град Скопје, а од Општинската организација  Карпош учествуваше Јована Котеска-волонтер од Клубот на млади.

Тенденцијата е во иднина ваквиот тип на едукации и обуки да станаат традиционални, а со тоа што поголем број на волонтери да бидат едуцирани.

 

< врати се назад