октомври 1, 2025

Учество на Саем на организации во Меѓунардното училиште НОВА

На покана на Меѓународното училиште НОВА – Скопје, на 30 септември 2025 година, Клубовите на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош и Црвен крст на град Скопје учествуваа со свој промотивен штанд на Саемот на организации, настан организиран од училиштето.

На промотивниот штанд на Црвениот крст, учениците добија можност да се запознаат со историскиот развој на Црвениот крст, основните дејности на Црвениот крст и да добијат информации за можностите за членување и волонтирање во организацијата. Дополнително на посетителите им беа поделени симболични подароци и промотивен печатен материјал.

Учеството на настанот е во пресрет на одбележувањето на Неделата на млади на ЦКРСМ која се одбележува од 1 до 7 октомври секоја година.

< врати се назад