
септември 23, 2022
Училишен прибор за успешна учебна година
Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во периодот од 14 до 20 септември 2022 година спроведе собирна хуманитарна акција за собирање на училишен прибор. Со цел промовирање на акцијата беше изработен и промовиран информативен плакат. Во наведениот период беа собрани 560 парчиња училишен прибор кој беше спакуван во 40 комплети. Комплетите со прибор беа поделени на 40 деца од семејства во социјален ризик со цел ублажување на ранливоста за време на почетокот на учебната година. Во акцијата учество земаа ученици од ООУ„Петар Поп Арсов“-Скопје, членовите и волонтерите на Клубот на млади и граѓани.




































