
септември 18, 2026
Училишен прибор за успешна учебна година
Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во периодот од 17 до 30 август 2026 година спроведе собирна хуманитарна акција за собирање на училишен прибор. Со цел промовирање на акцијата беше промовиран информативен плакат.
Во наведениот период беа собрани 380 парчиња училишен прибор кој беше спакуван во 20 комплети. Комплетите со прибор се поделени на 20 ученици – деца од семејства во социјален ризик со цел ублажување на ранливоста за време на почетокот на учебната година.






































