јули 31, 2020

Уметнички конкурс

Во периодот од 01.07 до 15.07.2020 година Клубот на млади при ЦКРСМ-ОО Карпош организираше Ликовно-уметнички конкурс на тема ,,Што значи волонтирањето во Црвениот крст за мене“.
 
Целта на конкурсот беше поттикнување на креативноста кај младите волонтери.
Истиот беше наменет за волонтерите и членовите на Клубот на млади, како и за волонтерите од Училишните клубови на Црвениот крст.
 
Голема благодарност до оние кои се вклучија со своите изработки во кои ги претставија причините за своето волонтирање во Црвениот крст.
< врати се назад