декември 10, 2021

Волонтер на годината

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош ја претставува волонтерката на годината од возрасните волонтери по повод Одбележувањето на Светскиот ден на волонтерството 2021 година

БИЛЈАНА КОСТОВА, има 56 години и е вработена како професор по македонски јазик и литература во СУГС „Никола Карев“ Скопје. Својот волонтерски ангажман организацијата на Црвениот крст го започнува во 1999 година.

Била член на неколку основни организации и член на повеќе работни тела и органи во ЦКРСМ – ОО Карпош и ЦКРСМ. Од 2004-2008 година била член на Комисијата за млади на ЦКРСМ, во периодот 2008-2016 е претставник во Собранието, Раководниот одбор и претседател на Финансиската комисија во Црвен крст на град Скопје, 2008-2017 година била член на Комисијата за организација, развој и човечки ресурси на ОО Карпош, во мандатот 2012-2017 е потпретседател на ОО Карпош. Од 2017 година е актуелен претседател на ОО Карпош.

Својот ангажман го има насочено кон организација и развој, социјално-хуманитарната дејност, здравствено-превентивната дејност, крводарителството и дисеминацијата. Несебично се вклучува и дава поддршка во активностите со младите од Клубот на млади во Општинската организација.

Ви благодариме за вашиот значителен придонес во остварувањето на заедничката хуманитарна мисија.

Честитки од членовите, волонтерите и вработените во Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош

< врати се назад