април 17, 2020

Вонредна крводарителска акција во Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош

ЦКРСМ-ОО Карпош во соработка со Институтот за трансфузиологија на 15ти Април реализираше вонредна крводарителска акција.

На акцијата, која се одржуваше во службените простории на ЦКРСМ-ОО Карпош,  својата хуманост на дело ја потврдија 8 крводарители. За време на акцијата беа запазени сите потребни мерки и препораки за превенција од корона вирусот, со обезбедување на заштитна опрема за сите вклучени лица, како и темелна и навремена дезинфекција на просториите.
Акцијата започна во 09:00 часот, а заврши во 14:00 часот.

< врати се назад