
август 6, 2021
Вонреднa крводарителскa акциja за млади крводарители
Во рамките на активностите за поттикнување на младите лица за вклучување во доброволното крводарување, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 5 Август 2021 година реализираше вонредна крводарителска акција.
На акцијата која се спроведе во периодот од 09:00-13:00 часот во просториите на Општинската организација Карпош својата хуманост на дело со дарување крв ја потврдија 16 крводарители од кои најголем дел млади лица.
За време на акцијата беа обезбедени и се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за комплетна заштита од коронавирусот, преку одржување на физичко растојание и задолжително носење лична заштита.




































