
јули 1, 2021
Вонредни крводарителски акции
Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, Црвен крст на РСМ -Општинска организација Карпош на 24 и 26 Јуни 2021 година реализираа две вонредни крводарителски акции на кои беа обезбедени 33 крвни единици
На првата крводарителска акција која се одржа во просториите на Општинската органзација Карпош во периодот од 11;00 до 16,00 часот крв даруваа 14 граѓани, а на втората која се реализира во просториите на приватната здравствена ординација ,,Азура,, крв даруваа уште 19 граѓани.
За време на активностите беа почитувани сите мерки за спречување на ширењето и превенција од коронавирусот – КОВИД 19.



































