август 23, 2021

Вработените во ,,Аџибадем Систина” даруваа 119 единици крв

Во време на пандемија од коронавирус уште еднаш се покажа несебичноста и пожртвуваноста на медицинскиот и помошниот персонал во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
 
Ова е втора по ред крводарителска акција оваа недела организирана од страна на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Болницата ,,Аџибадем Систина”-Скопје.
 
На првата акција која се одржа на 18 Август 2021 година крв даруваа 77 а на втората акција на 20 Август 2021 година крв даруваа уште 42 вработени од Клиничката болница „Аџибадем Систина“-Скопје.
 
Акциите се спроведоа почитувајќи ги сите протоколи и безбедносни мерки за комплетна заштита од SARS-CoV-2 вирусот.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад