февруари 16, 2021

Вработените во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ дарува 77 крвни единици

Со обезбедување и почитување на сите мерки и безбедносни протоколи за заштита од коронавирусот, на 15 Фeвруари 2021 година, Црвен крст на Република Северна Македонија-Oпштинска организација Карпош во соработка со Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Институтот за трансфузиoна медицина успешно релизираа крводарителска акција на која беа дарувани 77 единици крв.

 

Во болницата ,,Аџибадем Систина,, бројот на вработени кои даруваат крв се зголемува од година во година а бројката од овогодишната крводарителска акција уште еднаш ја потврди хуманоста и солидарноста на вработените во оваа установа.                

Следната крводарителска акција ќе се реализира на 18 Февруари 2021 година и на истата се очекува да се приклучат и крв да дауваат уште 80-100 вработени од Клиничката болница ,,Аџибадем Систина,,-Скопје.

< врати се назад