јули 22, 2020

Врсничка едукација за членовите и волонтерите на Клубот на млади

Онлајн едукација за членовите и волонтерите на Клуб на млади
Со примена на алтернативните платформи за настава преку користење на ZOOM апликацијата, а со цел обезбедување на континуирана едукација на членовите и волонтерите, Клубот на млади на Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош на 16 Јули 2020 година организираше онлајн едукација.
На едукативното предавања на тема ,,Превенција и заштита од трговија со луѓе,, учествуваа 39 членови и волонтери од Клубот на Млади на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош и ученици вклучени во Училишните Клубови на Црвениот крст во Основните училишта
< врати се назад