
август 21, 2020
Врсничка едукација за мотивација на потенцијални млади крводарители
Со примена на алтернативните платформи за електронско предавање преку користење на ZOOM апликацијата, а со цел мотивирање на млади потенцијални крводарители (над 17.5 години), на 19 август 2020 година Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош организираше онлајн врсничка едукација на тема Крводарителство.
На предавањето учествуваа 22 членови и волонтери од Клубот на Млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош како и потенцијални млади крводарители.



































