декември 10, 2023

Врснички едукации за доброволно крводарување

Со цел мотивирање и вклучување на средношколската младина во доброволното крводарување, Црвент крст на РСМ-Општинска организација Карпош во текот на месеците октомври и ноември 2023 година спроведе 13 врснички едукации за учениците од  средните училишта. Со едукациите кои беа спроведени од страна на три обучени едукатори  во средните училишта „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Здравко Цветковски“, „Лазар Танев“ и „Георги Димитров“ беа опфатени 306 ученици од трета и четврта година. Во рамки на едукациите, за учениците од СУГС „Орце Николов“ беше спроведен анкетен прашалник за познавањето на основните информации од областа на крводарителството и потенцијалните можности да даруваат крв.

 

 

< врати се назад