
јуни 15, 2022
Врснички едукации за доброволно крводарување и крводарителска акција во средното училиште „Георги Димитров“
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 6 Април 2022 година реализира крводарителска акција во СУГС ,,Георги Димитров’’ на која крв даруваа вкупно 53 ученици и вработени.
На крводарителската акција во ова училиште, и претходеа 2 врснички едукации на кои 112 ученици од IV година имаа можност да се стекнат со основни познавања од областа на крводарителството и процесот на дарување на крв.
За време на активностите беа почитувани заштитните мерки за превенција на коронавирусот – КОВИД 19.



































